Шкупи – Пелистер 0-0
Екипата на Пелистер одигра нерешено во Скопје против Шкупи (0-0) и без најдобриот фудбалер Омар Гудиаби, кој е позајмен од денешниот противникот Шкупи. Пелистерци играа повлечено, одлични беа во одбраната и голманот Трајчевски, кој денес бранеше наместо Талески, па неколкупати се спасуваа во текот на првото полувреме.
Во вториот дел битолчани чекаа шанса, а во 52. минута Нето не искористи можност за 0-1, а можеше да избира како да постигне гол, но биеше и погреши. Фудбалерите на Шкупи вратија со шанса, но одбрани Трајчевски и донесе бод за својата екипа во Битола.
Пелистер се наоѓа на шестото место со 42 бода и во последното коло оваа сезона во Битола ќе биде домаќин против Беласица.