Драгарски и Гудиаби ја срушија Беласица за среќен крај на сезоната

Пелистер – Беласица 2-0 (1-0) Пелистер со победа над Беласица со 2-0 (1-0) ја заокружи сезоната во Првата лига. Иницијативата на домаќините вроди со плод во 19. минута, кога по центаршутот од левата страна на Размоски, Ристе Илијовски кратко додаде, а капитенот Драгарски постави нога и реактивно ја затресе мрежата на Беласица. Конечниот резултат го…

Трајчевски: Да победиме за добар крај и за „Чкембарите“

Пелистер е апсолутен фаворит на дуелот против Беласица, со кој ќе ја заврши полусезоната во која беше најдобар домаќин во Првата лига. Битолчани веќе двапати славеа против „фенерџијата“ од Струмица, а и не прими гол и при двете победи. Младиот голман Филип Трајчевски ќе добие шанса од првата минута, а верува дека тој и соиграчите…

Капинковски: Да ја завршиме сезоната со победа и многу голови (ВИДЕО)

По победата од 0-2 на „Благој Истатов“ во октомври и минималната победа од 1-0 во Битола во декември во последното коло минатата година, Пелистер и Беласица ќе се соочат за бодови по третпат оваа сезона, вторпат во Битола. Тренерот Димитар Капинковски најавува промени во тимот и атрактивен фудбал „Кога дојдов во Пелистер бевме претпоследни и…

Трајчевски донесе бод за пелистерци од гостувањето кај Шкупи

Шкупи – Пелистер 0-0 Екипата на Пелистер одигра нерешено во Скопје против Шкупи (0-0) и без најдобриот фудбалер Омар Гудиаби, кој е позајмен од денешниот противникот Шкупи. Пелистерци играа повлечено, одлични беа во одбраната и голманот Трајчевски, кој денес бранеше наместо Талески, па неколкупати се спасуваа во текот на првото полувреме. Во вториот дел битолчани…

Гудиаби инспиратор, Пелистер ја победи Академија Пандев под „Тумбе кафе“

Пелистер – Академија Пандев 3-1 (1-1) Екипата на Пелистер одигра одличен натпревар во рамките на 31. коло на Првата лига и по водството на Академија Пандев 0-1, се врати и стигна до победа од 3-1 (1-1). Со оваа победа и три бода, битолчани и наредната сезона ќе играат и гледаат прволигашки фудбал под „Тумбе кафе“…