Кочоски: Дуелот против Силекс е како финале за нас (ВИДЕО)

За да го задржи максималниот ефект на домашен терен оваа пролет, битолски Пелистер мора да одигра подобро отколку против Борец, Ренова и Вардар и утре попладне да го совлада Силекс. Капинковски најави промени во тимот во споредба со стартниот состав против Работнички, а добра вест е што сите фудбалери се здрави. Валентин Кочоски очекува вистинско…

Александар Ставрев ќе го води натпреварот Пелистер – Силекс

Фудбалската сезона во Првата лига продолжува оваа среда, со натпреварите од 27. коло. Најдобриот македонски судија, Александар Ставрев од Скопје е делегиран за главен судија на дуелот во Битола каде Пелистер ќе го пречека Силекс. Нему ќе му помагаат Дејан Костадинов и Гоце Петревски, исто така од Скопје. Марјан Младеновски од Скопје ќе биде четврти…

Со срце за Пелистер

Навивачи, пријатели, симпатизери, бивши и сегашни фудбалери, фирми и здруженија, почитувачи на зелено-белата боја, Поради огромниот број на барања и желби од Ваша страна за да му помогнете на ФК Пелистер, во време кога не можете да бидете на трибините, да навивате и да го бодрите Вашиот омилен клуб, и да дадете Ваш придонес во…

Пелистер поразен на гостувањето кај Работнички

Работнички – Пелистер 3-1 (2-0) Работнички го совлада Пелистер со 3-1 и го продолжи победничкиот чекор во Првата лига. Ова е втор пролетен пораз за тимот на Димитар Капинковски. Во 22. минута, Марио Станковски ја затресе мрежата на Пелистер, по асистенцијата на Лука Станковски. Одлично реагираше и откосо од десната страна пронајде пат за топката…

Нето: Добро трениравме неделава, имамe добри шанси против Работнички (ВИДЕО)

Интернационалецот од Ангола, Алдаир Нето заради повреда не настапи против Вардар, но се враќа во тимот, неделава тренираше без проблеми и ќе конкурира за место во првиот дел попладнево. „Мислам дека имаме добри шанси на натпреварот против Работнички. Добро трениравме оваа недела и верувам дека сè ќе биде во најдобар ред. Самодовербата по натпревар против…

Капинковски: Годи победата над Вардар, но сакаме да се надигруваме и против Работнички (ВИДЕО)

Силниот ритам на натпревари во Првата фудбалска лига продолжува и по Куп-натпреварите во средата, викендов се враќа на сцена шампионатот и 26. коло. Пелистер гостува кај Работнички и верува во продолжување на позитивната серија оваа пролет. „Зелените“ загубија само еден натпревар, против Шкендија, и зачекорија кон средината на табелата. Тренерот Димитар Капинковски со комплетен тим…

Гоцевски од Струмица ќе го суди дербито Работнички – Пелистер

Викендов на терените ширум земјата ќе се одиграат натпреварите од 26. коло на Првата македонска фудбалска лига, а од ФФМ веќе ги делегираа арбитрите. На националната арена „Тодор Проески“ ќе се сретнат Работнички и Пелистер, а правдата ќе ја дели Марјан Гоцевски од Струмица. Натпреварот ќе се одигра во сабота од 13:00 часот. Според одлуката…

Капинковски: Голем чекор кон остварување на целта, заслуживме победа над Вардар

По два нерешени резултати во претходните дерби дуели оваа сезона, Пелистер конечно го совлада Вардар со 2-0, со двата гола на Борче Маневски. Овој триумф е прв на домашен терен по децениска пауза, во која ривали или не се среќаваа или играа нерешено или победуваа вардарци.   Тренерот Димитар Капинковски по натпреварот изјави:   „Мислам…

Пелистер го доби дербито со Вардар и зачекори кон средината на табелата

Победник во вечното дерби на мак-фудбалот, кое се одигра во Битола, по тежок терен, студено и врнежливо време, е екипата на Пелистер, којa го победи Вардар со 2-0 (1-0) а головите ги постогна Борче Марковски. Со оваа победа “пелистерци“ се искачија на седмата позиција на табелата.   Дербито започна израмнето, а во 16. минута од…